ПРВАК СО САМО ЕДЕН ПОРАЗ

Трета

Безмалку цело првенство од Третата лига – Југ екипата на неготински Вардар беше лидер, за на крајот да остане на првото место со 65 бода од 24 меча. Постигна 21 победа, двапати одигра нерешено, доживеа само еден пораз. Единствениот тим што успеа да го совлада е Питу Гули, со 3:2 во Крушево. Впрочем, Питу Гули од осумте претставници на ОФС Прилеп е највисоко пласираната екипа, на 4. место. Втор е велешки Превалец, трет Росоман. За првакот следи бараж-меч за влегување во Втората лига, а можниот противник е меѓу Овче Поле (Свети Николе), Караорман (Струга) и Аресими (Чегране, Гостиварско).

Од Третата лига – Југ најверојатно ќе отпаднат Возарци и екипата која не одигра ниту еден меч – Напредок.

Loading