ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ СО СЛИВИ

Сливата е најстариот лек за регулирање на дигестијата на храната и средство за празнење на цревата. Помалку е познато дека има способност за чистење и црниот дроб.

За стариот народен рецепт за детоксикација на црниот дроб и крвта се потребни 8 до 22 свежи зрели, непрскани сливи. Ако се прскани се оставаат еден час во раствор со сода бикарбона. Потоасе  убаво тријат и се мијат под млаз од ладна вода. Се сечат на половина  да им се извадат семките. Потоа паксе преливаат со ладна вода. Садот се поклопува со капак и се остава до следното утро. Следниот ден се цеди водата и излегуваат некои непотребни состојки. Паксе преливаат со вода, но колку да бидат прекриени. Се ставаат на оган, а откако ќе зовријат, се намаува температурата на најтивко и се варат 2-3 часа. За тоа време потребно е 2-3 пати да се смени водата. Значи, секој н час тура старата вода, па се долева нова, колку да се прекријат. Кога ќе заврши варењето, сливите се јадат топли, со малку вода, сите одеднаш, на празен стомак. Оваа постапка е најдобро да се прави наутро. Додека се варат се пие вода или чај.

Сите видови на сливи се лековити, но за оваа намена најдобри се црвените. Доколку ги нема, може да се користат какви било.

Оваа постапка е потребно да се применува во текот на цела една недела непрекинато, секој ден, а доколку станува збор за некое петешко заболѕвање на црниот дроб, тогаш јадете ги две недели или повеќе ако е потребно.

Loading