ЗЕЛЕН РАЈ НАСПРОТИ РУИНА

Комуналец го исчисти и го светнаа спортско рекреативниот комплекс околу Вештачкотот Езеро. Запуштениот простор околу прерасна во зелен рај, за одмор и релаксација со проектот “Прилепско езеро – нови авантури, нови можности”. Се врати сјајот на популарното и омилено излетничко место. Има летниковци и клупи за седење. За оние со спортски дух на располагање им се кошаркарско игралиште со трибина, игралиште за одбојка и пинг-понг маси. Има и детски содржини.

Може да се “тегнат” нозете на пешачката патека од 700 метра, осветлена со канделабри.  И за лицата со посебни потреби има пристапна рампа. Проектот на ЕУ е 49.5 милиони денари, од кои 6 милиони денари се од општината.

– Исчистени се сите пешачки патеки, спортскиот терен, паркинг местата, зелените и земјените површини. Се чистеја отпадоци, огромни количини на борови шишарки и игли, градежни материјали, се израмнија земјените површини-  велат од Комуналец.

Комплетно се исчистени и околните зелени површини. За викендите, просторот го посетуваат многу сограѓани, на кои им се препорачува отпадоците да ги одлагаат во корпите или во контејнерите заради зачувување наприродните убавини и инфраструктурата.

Местото е привлечно кога сонцето мами за прошетка во природа. Но, за да стигне човек до “зелениот рај”, најпрвин наидува на испустениот некогашен мотел на Вештачкото Езеро кој знае празен и руиниран. Грдата слика го уништува целиот филинг по прошетката или повеќе одвраќа од убавината кон која тргнал човек во потрага по чист воздух и природа за релаксирачка прошетка.

Едното со другото не одат. Алармот е вклучен, може ли нешто да се преземе со напуштениот објект за воодоошевувањето да биде комплетно!

Loading