СЕ ЧИСТАТ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

Иако депонијата под касарната се чисти редовно просторот кој постојано се трупа со разноразен отпад. Стари алишта, градежен материјал, биоразградлив градинарски отпад, отпад од домаќинство,  и што ли уште не, чистат работниците на Комуналец. Никако да престане загадувањето и нагрдувањето на животната средина. Доколку дозволи времето, ќе продолжи чистењето на дивите депонии според проценка на приоритет и ризик од загадување.

Комуналец го собира редовно отпадот во било ко количество, доколку е спакуван во вреќи.

Инаку, секој четврток бесплатно се собира габаритен отпад од домовите со најава на телефон 048/428 992. За градежниот шут и отпадот од градење се користат контејнери од 5м3 и трактор со приколка од 3 м3.

Отпадот се транспортира до депонијата Алинци, освен селектираниот.

Loading