НЕ ПОМЕСТУВАЈТЕ ЗАШТИТНИ ЗНАЦИ ОД УЛИЦИТЕ

ЈП Водовод и канализација

Водовод и канализација апелира до граѓаните да не ги отстрануваат заштитните барикади поставени на места каде се санираат дефекти, бидејќи со тоа ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Соодветните служби на јавното претпријатие навремено ги обезбедуваат локациите каде се изведуваат работи со соодветна заштитна сигнализација, а со отстранувањето на знаците се доведува во прашање безбедноста на граѓаните.

Loading