„НЕМА ЗИМА“ В ЗИМА

Комплетно е подготвена за чистење на улиците од снег фирмата Изофас, која локалните власти од претходниот состав ја избрале на тендер како најдобар понудувач за одржување на улиците во зимски услови. Градоначалникот Борче Јовчески изрази задоволство што фирмата спремно ќе ги пречека претстојните зимски денови и ќе го одржува нормалното и безбедното функционирање на сообраќајот. Изофас ќе одржува улици во должина од 141 км. со што не би требало да има проблеми, односно “да нема зима за в зима”. Потврда се спремните пет камиони со снежен плуг и со соларка. Операторот веќе обезбедил 700 тони сол и 210 м3 ризла за целата сезона.

Loading