ЕМ ЗАЧИН, ЕМ ЛЕК

Циметот е магичен зачин. Влијае на откажување на зависноста по десерти. Еден е од зачините кшто е и лек и штитник на здравјето. Пријателот е на витата линија. Затоа е време за внимание со исхраната. Карактеристичната егзотична арома е магнет кој привлекува. Достапен е цела година. Го има како стапчиња и во прав. Стапчињата имаат подолг рок на траење, но немаат силна арома како мелениот цимет во прав.

Дијабетес: Циметот го регулира метаболизмот, со што ја подобрува чувствителноста на хормонот инсулин кој е одговорен за транспорт на шеќерот од крвта во келиите. Го намалува шеќерот во крвта, ја подобрува апсорпцијата на гликозата, но делува побавно од инсулинот. Помага и во превенција на дијабетес тип 2.

Енергија: Го подигнува нивото на енергија. Додадете малку во утринското кафе, снегулки, смути, чај или посипете на тост намачкан со мед.

Штити од рак, намалувајќи го растот на туморските келии.

Слабеење: Зачинот го забрзува метаболизмот, поради вкусот. Доволно е дневно да се земат една до две лажички.

Заби: Ја ублажува инфекцијата на забите. Помешајте малку цимет и мед па нанесете директно на забот кој ве боли. Држете десетина минути и голтнете или исплакнете.

За подобар сон: Загрејте млеко, додадете стапче цимет, поклопете и оставете да стои 10 минути. Испијте го тоа барем еден час пред спиење.

Рецепт

КАКО ДА КОНСУМИРАТЕ ЦИМЕТ СЕКОЈДНЕВНО?

Циметот е незаменлив во сутлијашот и вареното вино. Еве неколку вкусни предлози:

Ставете ½ лажичка цимет директно во вашето нескафе, капучино, топло чоколадо или во чаша топло млеко или овошен чај.

Попрскајте банана со ¼ лажичка цимет.

Додајте ½ или една цела лажичка цимет во утринскиот оброк од овесна каша.

Измешајте ¼ чаша мед со ½ лажичка цимет и со таа смеса обложете непечени бадеми (околу 2 шолји). Печете 15 минути во рерна на температура од 180 степени.

Loading