АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Секому според стореното, а никому според украденото.

x

Поради премногу кривини возот редовно ќе излетува од шините.

x

Не го местете народот меѓу чеканот и наковалната.

x

Ако побегнеш на стартот, ќе те  начекаат на целта.

x

Непријателот на вашиот непријател не мора да биде ваш пријател.

x

Нема плачење при пресоздавање.

x

Совеста секој ја има само заборава каде му е.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading