ТУРШИЈА СО ГРОЗЈЕ И ЛУТИ ПИПЕРКИ

Се подготвува брзо и едноставно само со неколку состојки. Станува збор за необична комбинација за која се бара рецепт, а се вика витаминска туршија.

Освен класичната туршија со зеленчук и солило, оваа е чудна, бидејќи има благ и лут вкус од грозје и пиперки. Може да се подготват 1-2 тегли за пробна зимница. По потреба само се додаваат состојки во течноста.

Потребни се 1 кг. пиперки, една голема чинија грозје, 2 лажици сол, 2 лажици шеќер, 1,5 литар вода, 500 мл бел оцет. Може да користат разни видови на пиперки, од лути до благи, дури чили. Пиперките се чистат од петелката и семките бидејќи предизвикуваат горчина. Грозјето се мие и се вадат дршките. Земете ги стерилизираните тегли и полнете ги ред пиперки и ред грозје додека ги наполните до горе, оставајќи прст во теглата.

Во поголемо тенџере се става вода, се додава солта, шеќерот и оцетот се оставаат да зовријат. Се варат уште 10 минути на средна температура со повремено мешање. Пожелно е користње на кафеав шеќер, а може и бел. Наполнете ги теглите со течноста. На крајот ставете им мрежа да ги потисне добро. Затворете ги и оставете ги на темно и суво место да стојат неколку дена додека туршијата не се скисели. Потоа може да се консумира салатата изобилна со многу витамини. Во течноста може да се додате уште грозје и пиперки.

Loading