КИСЕЛО МЛЕКО ЗА 6 КИЛОГРАМИ ПОМАЛКУ

Со десетдневна исхрана може да се врати поранешниот изглед и да се облечат старите омилени панталони. Киселото млеко е корисна намирница, која ги нормализира органите за варење, го подобрува имунитетот, помага во исфрлање на токсините од телото и го стимулра метаболизмот да работи побрзо.

Киселото млеко е одлично за хидратација, за поздрави коски, за регулирање на притисокот, за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести, спречува дебелеење и дијабетес тип 2. Го намалува ризикот од рак на дојката и рак на дебелото црево.Тоа е исклучително корисна намирница, за органите за варење и го подобрува имунитетот. Многу е вкусно и делува освежително. За десет дена може да се сметнат 5-6 килограми со рестриктивна исхрана. Диетата не треба да трае подолго од 14 дена.

Може да се јаде 500 гр кисело млеко дневно, до 300 гр овошје дневно (освен зрели банани, грозје, дињи и лубеници), до 100 гр месо дневно (риба, пилешко и мисиркино, со отстранета кожа и маснотија), до 300 гр зеленчук дневно (домати, краставици, ротквици, пиперки), до 300 гр зелен зеленчук (зелена салата, кељ, зелка, рукола).

Важно е да се јаде 500 гр кисело млеко дневно распределено по оброци.

Еднодневно мени

Појадок: мешавина приготвена од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или чаша чист сок од портокал. Ручек: чаша топол билен чај, ладна таратур салата од кисело млеко и краставици исечени на мали коцкички, 100 гр. варено месо, дополнителна салата од краставица, домат и зачински билки, кисело млеко по желба, чаша топла лимонада (без шеќер). Попладневна ужина: Домат со кисело млеко. Додајте малку сенф, малку сол во киселото млеко и кратко измешајте во блендер. Вечера: чаша топол билен чај, боранија сварена на пареа и малку изладена, а потоа помешана со киселото млеко, чаша топла лимонада (без шеќер).

Loading