АМБИЕНТАЛЕН ДЕКОР И УЛИЧНА ФРЕКВЕНЦИЈА

Широка улица во Прилеп, како душата на прилепчани. Рамна, широка како писта. Во првата светска војна е “удрено” кадро на прилепски амбиент. Изгледа како да е некаде во чаршијата, зашто е прометна и раздвижена. На улицата се движи тогаш актуелното превозно средство, магарето со самар на грбот.  Деца и старци во чоени палта се рашетале по работа.

На скржавите сончеви зраци се кротат и се топлат дел од прилепчани, седнати под гредите на една куќа. Домовите зрачат автентичност, со строга архитектура. Изгледаат како сé да е прецизно поставено. Малите, но многубројни прозорци укажуваат дека на прилепчани им треба светлина.

Интересни се чашките наредени како бисер на бандерата. Така во времето се носела струјата.

Од страна се извишиле “голораките” тополи барајќи место под сонцето. Се е едноставно, но магично.  

Loading