БОРБА ЗА МЕДАЛИ ДО 3 НАУТРО

Борење

Никогаш не сме слушнале, но и тоа се случи. Спортски натпревар да трае до 3 часот наутро! Во Ксанти, Грција, два дена имаше Балканијада, уште два дена Медитеранско првенство во борење, со траење секој ден од 9 часот до 3 часот наредниот ден. Сето тоа го издржаа младите членки на БК 7 Мај: пионерките Тамара Цветкоска и Ангела Трајковска, кадетката Барбара Стојкоска. Бронзен медал освоија: Трајковска на Балканското, Стојкоска на Медитеранското.

Поддршка за борачките беше тренерот Илчо Марковски.

Loading