АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Се’ е дозволено во љубовта и војната, но не и во политиката.

X

Се плашам од кучињата кои не лаат, ама молчат и толчат.

X

За да бидеш жив бори се до последен здив.

X

Важно е со кого сте, а не каде сте.

X

Се јави да биде употребен, а не да биде злоупотребен.

X

Внатрешните слабости во себе и во државата не треба да се префрлуваат на други.

X

Кој сака да владее по секоја цена, ќе остане без цена.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading