УНИВЕРЗАЛНА СОДА

Покрај основната употерба, сода бикарбоната може да биде многу практична.

1. Средство за чистење на лицето. Ако измешате сода бикарбона и вода во однос 3:1, ќе добиете нежно, непарфемирано средство за чистење на лицето.

2. Засилувач на шампон. Турете вообичаена количина шампон во својата дланка и додадете еден грст сода бикарбона за длабински да ја измиете косата.

3. Смирува изгореници од сонце. Натопете крпа во раствор од четири лажици сода бикарбона и вода и поминете со крпата по изгорениците.

4. Смирување на убод на комарци. Направете паста од сода бикарбона и вода и нанесете ја на местото на убодот од комарецот за  смирување на иритацијата.

5. Плакнење на устата. Ставете лажичка сода бикарбона во мала чаша со вода и смесата користете ја за плакнење наместо средствата базирани на алкохол.

6. Паста за заби. Измешајте сода бикарбона со хидроген пероксид да направите сопствена паста за заби или едноставно нанесете сода бикарбона на четката за заби и брзо ќе ги избелите забите.

7. Пилинг за тело. Наполнете сад кој може да го затворите до половина со сода бикарбона, додадете 10-15 капки есенцијално масло, а потоа додадете вода додека не ја постигнете саканата густина.

8. Нежни раце. Измешајте сода бикарбона со нежен течен сапун во сооднос 3:1, за вашите раце да бидат понежни.

9. Непријатните мириси. Ако сте приготвувале риба или сте сечкале лук, пастата од сода бикарбона и вода ќе го неутрализира непријатниот мирис.

10. Средство за чистење на стапалата. Наполнете леген со топла вода и ставете три лажици сода бикарбона во вода, а потоа исчистете ги стапалата со камен за пети.

Loading