ЛЕК ЗА ТРОМБОЗА И ТАХИКАРДИЈА

tahikardija

Венската тромбоза е болест на васкуларниот систем. Предизвикана е поради згрутчување на крвта што може делумно или целосно да ја затне вената и да ја намали циркулацијата. Ако станува збор за површни вени, состојбата се нарекува површна венска тромбоза, а кога ќе се формираат тромбови во длабоки вени, е длабока венска тромбоза.

Болест најчесто ги погодува нозете и карлицата, а поретко и рацете. Обично се јавува кај постари лица, но може и кај било возраст. Фактори на ризик се генетска предиспозиција, патеката на крвта, оштетување на ѕидот на крвните садови, долгорочна употреба на орални контрацептиви, долго седење или стоење, намалена физичка активност. Други ризици се инфекции, малигни заболувања, трауми, срцев удар и хронични згрутчувања на крвта.

Симптоми на површната венска тромбоза се задебелување на вената,  чувствителност, болка во погодената област, чувство на топлина. Трае 1 – 2 седмици, по што процесот се смирува и симптомите се повлекуваат. Се дијагностицира со клиничката слика и физичкиот преглед. Третманот обично вклучува ставање топли облоги и земање лекови против болки и смирување на воспалението.

Од природните лекови, најдобар е гелот од див костен за подобрување на циркулацијата. Се нанесува во тенок слој на погодената област двапати на ден. Потребно е да се зголеми физичката активност, да се откаже пушењето, да се зголеми внесот на омега 3 и 6 масни киселини, да се јаде свежа црвена лута пиперка (или како зачин). Чајот од рузмарин ја подобрува циркулацијата. Комбинацијата на чај од див костен и ѓумбир го намалува ризикот од згрутчување на крвта. Лукот го намалува притисокот и високиот холестерол.

Длабоката венска тромбоза се карактеризира со затворање на погодената вена и појава на воспалителна реакција на нејзиниот ѕид. Може да постои без видливи симптоми. Се манифестира во различен степен на чувствителност. Најчести симптоми се оток на погодената нога, чувство на тежина и напнатост, тешкотии при одење, црвенило, болка во погодената област, чувство на топло, промена на бојата на кожата, истакнати површни вени. Болката се јавуваат при стоење и одење, кашлање, а симптомите се олеснуваат при одмор со подигнати нозе. Максимална болка се јавува при свиткување на глуждот со испружено колено или кога станувате со испружена нога, што се нарекува Хоманов знак. Иако Хомановиот знак е често ,,лажен аларм,, дека станува збор за длабока венска тромбоза,  да не се игнорира, бидејќи може да доведе до опасни по живот последици. Да се спречи, без разлика дали станува збор за длабока или површна, треба да го посети лекар кој ќе препише антикоагуланти.Болест може да се превенира со редовна физичка активност. Компјутерџиите треба да прават пауза на секој половина час и да направат неколку вежби кои ќе ги раздвижат.

Рецепт: Потребни се 20 чешниња лук, 2 литри вода, 4 лимони, 1 портокали. Овој лек помага и при кардиомиопатија. Лук исчистете го и ставете го во 2 литри вода да се вари со поклопен сад. Кога ќе почне водата да врие намалете ја температурата на најмала и оставете да се готви уште 10 минути. Тргнете го тенџерето да се излади 30 минути. Измијте ги лимоните и портокалите, процедете го нивниот сок, а корите сомелете ги. После 30 минути, извадете го лукот од водата, а во неа додајте го сокот и корите и оставете да стојат 2 – 3 часа на собна температура. Процедете ја водата и складирајте ја течноста во шише и чувајте ја во фрижидер. Се консумира трипати на ден, половина час пред појадок, ручек и вечера. Количината на консумирање треба да биде во чаша од 30 мл. Се пијат три дози, а потоа се прави пауза. Кога ќе ја потрошите првата количина, веднаш подгответе втората, а потоа третата.

Loading