КРУШАТА ТРЕБА ЧЕСТО ДА СЕ ЈАДЕ

krusaКрушата располага со најмалку седум здравствени благодети. Помага при ослободување од висока температура. Ова овошје се претвора во лек.  Таа не предизвикува алергии, ооти е полна со растворливи влакна, кои се природен диуретик. Богати се со шеќер со малку калории. Одлични се за  диететски режими на исхрана, оти имаат малку шеќер, а повеќе влакна.

Богати се со витамини А, Б1, Б2, Ц и Е, како и бакар, фосфор, калиум, калциум, хлор, железо, магнезиум, натриум и сулфур. Фолната киселина и ниацинот се дел од т богатиот состав. Содржи антиоксиданси.

Растителните влакна се исклучително важни за здравјето и оптималното функционирање на метаболичките процеси. Располагаат со висока содржина на вода, пријатен вкус и создаваат енергија. Слични се со јаболката по нутриционистичкиот профил.

Висока температура паѓа ако се испие голема чаша свежо исцеден сок. Пектинот е одличен диуретик и го подобрува процесот на варење. Растворливите влакна помагаат во спречување на рак на дебелото црево. Антиоксидансите ги разградуваат слободните радикали и детоксицираат, зајакнејќи го имунолошкиот систем. Редовното конзумирање го регулира нивото на добриот холестерол во крвта и ја намалува можноста за малигни заболувања, уништувајќи ги клетките погодени од слободни радикали. Крушите го намалуваат ризикот од остеопороза, поради минералот, бор. Високата содржина на влакна, спречува оштетување на кожата, помага во борбата против брчките, мрсната кожа и акните.

Најдобро е да се конузмираат сурови и миени пред јадење. Кората е богата со растителни влакна. Се препорачува свеж сок за дијабетичарите.

Крушата е погодна за комбинација со кравјо и козјо сирење.

Loading