ДИЊАТА ЛЕКУВА БУБРЕЗИ

dinja

Дињата е мелем за бубрезите. Го намалува високиот крвен притисок. Корисни се и семките.

Дињата е едногодишна билка. Плодот е жолт, сочен и благ. Содржи вода, шеќер, белковини, лимонска киселина, каротен, витамин Ц, соли на бакар, цинк, железо и етерско масло. Поседува 19 витамини и минерали за јакнење на имунолошкиот систем. Ги детоксифицира органите и добро го хидрира и алкализира телото. Не се дигестира долго. Без проблем се апсорбира во телото. Одлична е да се јаде наутро на празен стомак како појадок.

Богатството со витамин Ц во дињата е многу важно, бидејќи му помага на имунолошкиот систем во борбата против бактерии и вирусни инфекции. Дињата ги смирува нервите и ги елиминира стравовите. Го одржува пулсот во нормални граници и ги опушта мускулите. Го намалува крвниот притисок. Витаминот А ја превенира катарактата и го подобрува здравјето на очите. Ова овошје му помага на телото да се ослободи од вишокот натриум и на тој начин спречува задржување на вода и појава на отоци.

Дињата се остава да стои додека да почне да пушта мирис, а кората да се свиткува на допир. Таа е слатко и вкусно овошје добро за почеток на денот бидејќи ги обновува телото и душата. Пожелно е да се користи свежа, кога е миризлива и освежителна. Ја смирува воспалената слузница на дишните органи и ја стимулира функцијата на бубрезите. Ефикасна е како облога на отечено место при убод од инсекти.

Семките  се мелат, се мешаат со вода, се оставаат да отстојат 30 минути и се користат како емулзија за прочистување. Чајот од семки ги сузбива бактериските инфекции на мочните патишта.

Loading