БАБА Е НАЈУБАВАТА УЛОГА

baba

Со староста, никоја жена не сака да се претвори во здодевна баба која сите ги нервира.

Не солете ум никому, и кога сте убедени дека сте во право. Тоа не е потребно. Советите на постар и вас во младоста ве нервирале.

Не помагајте ако некој не бара помош. Не се наметнувајте. Не се обидувајте да ги штитите саканите од злото на светот. Само љубете ги. Не можете од сé да ги заштитите. Треба да научат лекции преку сопствени грешки и искуства.

Не се жалете постојано. Не здодевајте со здравјето, со пензијата, со политиката… Не се претворајте во одбивна намуртена старица, која е нерапосложена и како намќор ја оценува околината.

Не очекувајте благодарност од децата и не правете суптилни манипулации. Нема неблагодарни деца, туку родители кои бараат постојано внимание. Со потсетуваењето дека сте заслужни за она што се денес, само ги одалечувате од вас.

Забранети фрази се – ,,Ти ги дадов моите најубави години,, или ,,Постара сум и помудра,, ,,Знам најдобро, оти имам поголемо искуство,,… Овие реченици се неподносливи и мора да се одбегнуваат.

Безмислено подмладувањето. Не инсистирајте внуците да ве викаат по име, затоа што ,,бабо,, е навредливо и се чувствувате постари. Баба е најубава женска улога.

Не трошете пари по ботокси и третмани за подмладување. Колку долго сакате да бидете помлади? Вечно? Подобро парите да се трошат на некоја хумана цел или забавно патување.

Староста не е запуштеност. Нашминкајте се и бидете елегантна. Одржувајте ја хигиената, чистотата на домот и уредноста, без посебна пригода.

Грижете се за својот избрчкан сопруг, иако станал беспомошен и заборавен. И тој бил млад, силен и весел. Нему сте му најпотребни. Не изневерувајте ги неговите надежи.

По секоја цена не одете во чекор со времето. Ја разбирате новата технологија, ги слушате сите вести и учите нешто ново. Опуштете се! Работете нешто што ви причинува задоволство и ве прави среќна, а не модерна!

Не обвинувајте се за што и да е, каков ви е живот и животот на децата. Сé не зависело од вас.

Сочувајте го достоинството до крај и во секоја пригода.

Loading