ВМРО – ДПМНЕ: Д-р БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

ВМРО-ДПМНЕ синоќа на партиска трибина потврди дека докторот Борче Јовчески ќе биде кандидат за градоначалник на Прилеп.

Jovceski i Prodanoski

-Прилеп го доби и официјално кандидатот за градоначалник на претстојните локални избори од редот на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески, истакнат доктор-ортопед, хуманист, филантроп, човек од народот и за народот, кој заедно со претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски, ќе го предводат победничкиот тим.  ВМРО-ДПМНЕ победува во Прилеп и тоа убедливо! Заедно сите сплотени, ќе го вратиме сјајот на Прилеп, затоа што прилепчани го заслужуваат тоа – пишува на фејсбук на ОК на ВМРО – ДПМНЕ – Прилеп.

Борче Јовчески е актуелен советник во Советот на Општина Прилеп, а по професија е специјалист по ортопедија.

Jovceski pred clenstvoto

Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски најави дека одлуката ќе биде официјализирана и на седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а истото го потврди и пратеникот Антонијо Милошоски на социјалните мрежи.

Prisustvuvase i generalniot sekretar i pratenicite od VMRO-DPMNE

На трибина насловена „Македонија за сите луѓе”, која се одржала на Могилата на непобедените се разговарало за актуелната политичка ситуација. Присуствувале и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски, членот на извршниот комитет Антонијо Милошоски и пратениците Петар Ристески и Ане Лашкоска, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски, како и членови и симпатизери.

Loading