ЛЕК ЗА КОЖА ОД „ЧУВАР НА КУЌАТА“

cuvarnakujka

Маста од ,,чувар куќа,, е природен мевлем за кожата. За рецептот се потребни свежи листови и свинска маст испрана во девет води. Крем е многу поефикасен од многу козметички скапи кремови.

Се приготвува брзо и лесно. Искуствата се повеќе од позитивни, поради мултифункционалноста. Се користи за секакви проблеми поврзани со кожата. Најдабра е во битката со егземата. Нежниот крем ги отстранува и видливите брчки околу очите, акните, митесерите, дамките од лице, пегите… Се користи дури и за отстранување на брадавици и чиреви на кожата. Го ублажува чешањето после каснување од комарец и други инсекти. Помага за брзо оздравување на ситни ранички на кожата. Добара е и за изгореници од сонце, оти ја смирува кожата и исчезнува црвенилото. Мевлемот е одличен за калуси, испукани петици и тврди табани и тврда кожа на лактите. Можее да се мачкаат  надворешните хемороиди и херпес на устата.            

Оваа билка се приготвува со мед за лекување на цисти и миоми.

Најдобро е листот да се бере на почетокот од летото, бидејќи содржи најмногу лековит сок. Опстанува во невозможни услови. Во саксија убаво буи и расте во сочна билка. Не сака многу вода, но потребна и е сонцето.

Мевлем за тен

Потребни се 200 гр. свинска маст испрана во девет води, полна рака свежи листови од ,,чуварот на куќата,, (50 гр). Маста се става во подлабок сад, па се додава еден филџан ладна вода. Добро се меша со лажица, па се истура водата. Постапката се повторува деветпати. Така маста станува снежно бела и нежна како крем. Маста се цеди од вишокот наа вода. Потоа окоу 50 гр. листов се блендираат. Маста се става на тивок оган без да зоврие, колку да се растопи и да се поврзе со чувар куќата, за што се потребни околу пет минути. Се процедува низ цедалка. Остатокот во цедалката не се фрла. Се складира во густа газа и се користи за облога за болен зглоб.

Кога маста во тегличката ќе се излади, се чува во фрижидер најмалку 12 часа. Следниот ден се претура во тенџере и пак се загрева на тивок оган додека да се растопи и да стане течна. Пак се цеди низ цедалка или газа и се складира во тегличка во фрижидер.

Нема ограничување временската должина за користење на мевлемот  од ,,чувар на куќата,, и свинската маст.

Loading