БЕГСТВО НА ИНСЕКТИТЕ

Сосема природно, но спасоносно решение е нужно за топлото време на покачени температури. Но, несаканите гости, инсектите, доаѓаат дома и во градината. Комарците, мувите, стршлените, осите, пајаците и разните други инсекти, никој не ги сака дома, ниту да прелетуваат при одмор во градина.

Постојат природни начини да се избракаат инсектите подалеку. Потребна е стаклена тегла со широк отвор, а другите состојки одбераат по сопствен избор.

Против комарци се потребни 5 капки есенцијално масло од лимон, еукалиптус и цитронела, половина лимон и половина лимета, исечени на парчиња, 2 гранчиња рузмарин, пловечка свеќа (мала свеќа во метален држач). Сите состојки се ставаат во теглата, без мешање, се долева вода до врвот, се става свеќата горе и се запалува. Тегла може да се чува на терасата, на прозорците и на другите отвори во куќата.

Доколку пречи мирисот на цитрус,  може да се замени со лаванда и ванила.

Loading