ФАТЕНА МАРИХУАНА ВРЕДНА 200 000 ЕВРА

Запленета марихуна вредна 200.000 евра 

Во рамки на засилените полициски активности за борба против недозволената трговија со наркотична дрога, во заедничка  акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп на 10.06.2021 околу 01 часот запленета е дрога вредна околу 200.000 евра, чија крајна дестинација била Грција. Приведено е едно лице

13213212111

 Ова го соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

 -Од страна на сообраќајна патрола од ОВР Прилеп околу 01 часот на регионалниот пат Прилеп – Градско, во близина на бензинска станица, било сопрено товарно моторно возило „Ман“ со албански регистерски таблички, управувано од Б.Ј. (40) државјанин на Албанија. При контролата, албанскиот државјанин на полициските службеници им понудил пари да не го  контролираат возачот и возилото. Полициските службеници во приколката откриле две големи торби со 50 пакувања со марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми. Проценетата вредност на дрогата е околу 200.000 евра. Возачот е лишен од слобода и во текот на денот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Прилеп – соопшти Ангеловски.

МВР продолжува со интензивни мерки за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал.

Loading