Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 24 до 30 мај 2021 година, во општина Прилеп имало 18 нови случаи на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале две лица. Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 58. На болничко лекување се наоѓаат 5 лица, од кои 4 се на кислородна поддршка. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.301 .
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 424 лицa.