ТЕПАЧКИ ВО ПРИЛЕП

Во Полициската станица Прилеп пријавени  се две тепачки.

Policija-Prilep

На 27 мај А.Е.(37) од Прилеп пријавил дека на 26.05.2021, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вториот случај на физички напад е во населбата Тризла. На 26 мај полициски службеници од Полициската станица го лишиле од слобода Џ.А.(31) од Прилеп поради сомнение дека на место викано „Три багреми“ во населба Тризла во Прилеп во два наврати физички го нападнал С.С.(20) од Прилеп. Според пријавеното, на 24 мај со уште неколку лица физички го нападнал С.С.(20) од Прилеп, додека на 26 мај физички го нападнал и се обидел да го повреди со остар предмет.  По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Loading