ЗА ПРВПАТ ВО ЗЕМЈВА ИЗЛОЖБАТА „ДИЕГО И ФРИДА, НАСМЕВКА НА ПОЛОВИНА ПАТ“

Во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп,  отворена е изложбата на фотографии „ДИЕГО И ФРИДА, НАСМЕВКА НА ПОЛОВИНА ПАТ“. Откако ја виде цел Балкан, изложбата првпат е во земјава, благодарение на соработката на прилепската културна институција со Амбасадата на Мексико во Белград.

Izlozba 2

Екслузивната изложба опфаќа 96 црно бели фотографии и артефакти преку кои се прикажува универзумот на Диего Ривера и Фрида Кало, уметници, кои се еден од најконтроверзните парови во нивната љубов, а чие влијание ги надминало светските граници.  Изложбата ги открива не само взаемната страст на парот Ривера и Кало, туку и нивното заедничко  ангажирање во општеството и во политичките збиднувања во тоа време во кое живееа, кои ги овековечиле фотографите Питер Џулс, Гилјермо Самора, Николас Мареј, Едвард Вестон, Мануел Алварес Брава, Гилјермо Кала и Хуан Гусман.

Фотографите ги овековечиле различните етапи од  животот на парот, од љубовта и смртта, од нивното венчавање во 1929 година до 1954 г. и смртта на Кало и се отсликува бесконечното согласување и несогласување во првата половина на 20 век во Мексико. Изложбата е исклучителна можност да се запознае преку фотографии волшебната реалност на парот.

Диего Ривера е еден од најзначајните уметници, претставници на мексиканскиот мурализам, а Фрида Кало е позната како творец на автобиографски слики под влијание на народната мексичка и староседелска уметност.

Публиката ќе може да ја проследи изложбата до 10 јуни. 

 

Loading