ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ВО МАРИОВО

Двајца полициски службеници се здобиле со попвреди откако нивното патничко моторно возило „дачија дастер“, сопственост на МВР се судрило со „фолксваген голф“, управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото. Сообраќајката се случила во Мариово.

daster 

На 24 мај во 18.20 часот на регионалниот пат Прилеп – с. Витолиште се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на З.Ј. од с.Марул, прилепско, а управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото и патничко моторно возило „дачија дастер“, сопственост на МВР. Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „дачија дастер“ и сопатничка во возилото, двајцата полициски службеници, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Loading