ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА СЕКОЈА ДОМАЌИНКА

Корисни се практичните совети од секојдевниот живот за секоја жена. Со старите и нови искуства за во домаќинството нема главоболки.

Јајцата на око може да се пржат и на кисела вода наместо на масло? Имаат помалку маснотии отколку.

Најтврдото сирење ќе стане меко доколку се потопи во ладно млеко. Потоа процедете и спремно е за сервирање.

Варениот зеленчук ја задржува природната боја, ако во водата во која се вари се ставки мало лажиче сода бикарбона. Зеленчукот ќе омекне и нема да се распаѓа.

Напукнатото јајце може се свари ако во водата се додаде една – две лажички оцет.

Мирисот на пржена риба во кујната се отстранува со литар вода, малку цимет и каранфилчиња. На тивок оган водата да испарува. Може да се додаде и кора од портокал или лимон.

Додека јадењето се пече, може дел да се истури во рерната. Да го запре непријатниот мирис се тура сол. Кога се излади, солта помога во успешното чистење на рерната.

Да нема солзењена очите, кромидот се сечка на наводенета штичка со наводенет нож.

Ако се пресоли јадењето се додаваат неколку резанки леб да го апсорбираат вишокот сол. Може и компир кој ја впива солта.

Loading