Боровинката, магдоносот или глогот се билките кои го подобруваат протокот на крвта низ крвните садови. Тие ја олеснуваат циркулацијата, подобро од синтетичките лекови. Таа е важна компонента на здравјето. Активното пумпање на срцето помага во транспортот на крвта која го пренесува кислородот и хранливите материи до сите органи. Протокот на крвта помага и во транспортот на отпадните материи од бубрезите и белите дробови. За да се транспортира крвта без пречки, организмот бара правилна исхрана и менување на стилот на живот. Потребно е вклучување на одредени билки за подобрување на целокупната крвна слика.
Гинко билоба има моќни антиоксидативни својства. Се користи против проблеми со крвта и памтењето. Го подобрува протокот на крвта со пад на лепливоста на тромбоцитите и ги шири крвните садови. Ги намалува ефектите од Алцхајмеровата болест.
Боровинките ја разредуваат крвта и ја подобруваат циркулацијата. Помагаат при атеросклероза.
Магдоносот има природни својства за ширење на крвните садови. Тој е богат извор на витамините Б12 и Ц.
Врбината кора содржи салицин, слично на аспиринот. Затоа е традиционален лек за воспаленија и за разредување на крвта.
Кајенската пиперка е најздрав зеленчук. Лутиот вкус е корисен против слаба циркулација, главоболка, болка во грлото и забоболка.
Со правилна обработи на дивиот костен се приготвуваат лековити тинктури и кремови за лекување на циркулаторна инсуфициенција.
Глогот ја подобрува циркулацијата на крвта и позитивно влијае врз срцевиот мускул. Го регулира ритамот на срцето и го подобрува крвотокот.
Ѓумбирот ги шири крвните садови и крвта лесно протекува. Ослободува од мачнини и ја регулира столицата. Одличен е против настинки, грип и тегоби со зглобовите. Една чаша дневно чај од ѓумбир ја подобрува циркулацијата на крвта и го подига имунитетот.