ВОЛШЕБЕН ЃУМБИР

gumbir

Ѓумбирот се користи како лек илјадници години. Тој е и зачин, храна и средство за разубавување. Содржи калциум, магнезиум, витамини Б6 и Ц. Богат е и со состојка за подобрување на работата на цревата, го олеснува и го поттикнува метаболизмот, ја ублажува подуеноста, желудочните тегоби и спречува грчеви.

Ѓумбирот има благо лут вкус. Се препорачува против акутна фаза на воспален артритис за намалување на тегобите и за  забавување на напредокот на болеста. Антиоксиданс е со анти-воспално и анти-канцерогено дејство. Спречува создавањето чиреви. Познат е како аналгеток, смирувач и има антибактериски својства. Се користи како лек за алергии, артритис. ревматизам, остеоартритис и другите болести на мускулно-коскеното ткиво. Ублажува менструалните болки. Чајот од ѓумбир е ефикасен за слабеење. Создава чувство на ситост. Се комбинира со лимон, нане, мед за раст на имунитетот, за прочистување на дишните патишта и за циркулација.

Ѓумбирот е делотворен со неколку грама. Не е пожелно да се конзумира повеќе од 5 грама дневно. Растението е природен лек со малку негативни последици. Потребна е умереност при пиењето чај. Може да се иритира усната шуплина. Не е препорачлив за болни со камен во жолчката и за луѓе што земаат лекови за разредување на крвта.

Loading