ДАРКО ЦУЦУЛОСКИ – В.Д. КОМАНДИР НА ПОЛИЦИЈАТА

vd komandir Darko CuculoskiДарко Цуцулоски е новиот в.д. командир на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп. Тој е назначен со решение од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски издадено на 21 април. Доаѓа на чело на полицијата откако дотогашниот командир Кире Спиркоски – Чипсио  е притворен под сомнеж дека  е еден од учесниците во трговија со 200 килограми марихуана вредна над 800 илјади евра.

Одлуката на Спaсовски, на советниците на он-лајн седницата им ја пренесол претставникот на Полициската станицаПрилеп, Игор Каравилоски,

Советниците ја изгласале и информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност-Прилеп за второтo полугодие од 2020 година, а расправале и за новонастаната состојба по притворањето на командирот на ПС Прилеп информираат од Општина Прилеп.

Loading