УШТЕ ЧЕТИРИ МЕТРИ ДОМА

Првпат Пејо ставил гајчи ко решил да се жени. Купил платно, мајка му му сошила гајчи и тргнал право во другото село кај својата свршеница. На пат му се посакало “да се олесни”. Ги слекол белите гајчи и ги обесил на еден трн. Во тој момент видел зајак и потрчал по него, заборавајчи на обесеното на трнот.

Ко стигнал кај мајката на свршеницата, ја поткренал кошулата и се пофалил:

“Погледни бабо, дома имам уште четири метра”.

Бабата се изненадила ко погледнала, а ко слушнала и за четирите метра оставени дома, се прекрстила и помолила богу за спас.

Loading