БРОШУРА ЗА ДРЕВНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Brosura z aprilepskoto anticko  bogatstvo - avtorot i mecenata

“Античкото богатство на прилепскиот регион” е најновото авторско дело на археологот Душко Темелкоски, кустос советник во Музејот. Изданието претставува водич – брошура за запознавање со древното културно наследство од античките периоди: раната антика, владеењето на македонските кралеви и римскиот период. Изданието содржани впечатливи фотографии од археолошки наоѓалишта, античкиот урбан центар Стибера, монументалната гробница на пелагонискиот крал помеѓу селата Подмол и Бонче и од репрезентативни предмети откриени при археолошките истражувања (мермерни скулптури, накит, оружје, монети).    

-Идејата за популарната брошура беше на Кирил Котески, според неговото искуство. Многупати, туристи намерници или нашинци, посетувајќи ги објектите, прашувале дали постои некаков водич со претставеното историското и културно наследство. Двајцата се најдовме на иста бранова должина и ја остваривме идејата за кратко време. Водичот е двојазичен со превод на англиски – вели Темелкоски, најавувајќи издавање на водичи за презентација на богатото културно наследство на градот и околината.

Loading