АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Најголема лага е кога самиот ќе се излажеш.

x

Од секоја битка се учи,а особено од она а што си ја загубил.

x

Кој нишани постојано само во една цел промашува се’ друго околу себе.

x

Раната од пријателот никогаш не зарастува.

x

Многу  пари и на слепиот му отвораат очи.

x

На важни прашања се добиваат и понатаму – неважни одговори.

x

Кој многу простува ќе го третираат како прост.

Д-р Хаџи-Васков

Loading