ПРВ КАРАТЕ НАСТАП НА ЕВРОПСКО

Историја

Карате клубот Енергоинвест 11 Октомври даде неколку југословенски репрезентативци, како Наум Трајкоски. Тој во февруари 1991 година имаше деби на меѓународната сцена. Настапот се случи на Европското младинско првенство во Глазгов (Шкотска). Во борби, во суперлесна категорија ја мина првата пречка – Росиело од Белгија, со 1:0 во продолжението. Потоа во 2 коло загуби од Германецот Брклеске, освојувач на бронзениот медал.

Трајкоски стана член и на Сениорската репрезентација на Југославија. 

Loading