ПОЗНАТИ ПЛЕЈ-ОФ УЧЕСНИЦИТЕ

Пинг-понг

Без мака е тимот на Младост 96 во Супер лигата. Со по 4:0 ги совлада Работнички и Телеком 2. И Младост немаше проблем, со 4:1 врз Телеком, со 4:0 над Вардар. На две кола пред крајот познати се учесниците во плеј-офот. Првопласираниот Младост 96 се среќава со четвртиот, (сега е Телеком 2 од Скопје), а вториот Младост го чека пресметка со третиот (сега е Шампион ФА од Штип).

Претходно, во последните кола од основниот дел: Младост 96 со Крива Паланка и Радовиш, а Младост со Шампиони ФА и Телеком 2.

Loading