ПОБЕДА СЕ СЕЛИ ВО БИТОЛА

Фудбал

Според очекувањата, Победа загуби (со 3:1) од фаворитот Брегалница во Штип, во Втората лига – Исток. Ако има добра околност, тоа е поразот на конкурентот Слога, со 1:0 од Саса. Разликата меѓу прилепскиот и виничкиот тим е иста – 6 бода. Во следното коло, Победа ,,дома,, ја чека токму Слога. Мечот е закажан за во Битола, оти теренот на Могила е во лоша состојба. За Слога брани Ѓорѓи Јованоски, стопер е Христијан Кукески, а тренер Јане Николоски.

Табела: Брегалница 55, Тиквеш 48, Кит-Го 35, Кожуф 32, Осогово 29, Саса 28, Слога 22, Победа 16, Плачковица 11, Росоман 8.

Во Првата женска лига, Деспина по триумфот од 5:0 врз Атлетико во Битола, дома го чека лидерот Саса. Во Третата лига – Југ, по победата од 6:0 над Младост во Кривогаштани, второто Ново Црнилиште дома има дерби со лидерот Локомотива.

Loading