ТЕМЕЛ ЗА ГРАДИНКА ВО ТОЧИЛА

gradinka

Се очекува ставање на камен темелник на детска градинка во Точила, Според градоначалникот Илија Јованоски, градинката ќе располага со можност за згрижување на околу 250 деца. Со тоа ќе се намали притискот на родителите за организирање на дневен престој за децата, додека тие ги извршуваат работните задачи, а немаат кој да ми ги чува потомците.

Одамна недостасуваат доволно места за сместување во детските градински, па овој потег ќе ги ублажи барањата и ќе се влијае на ослабување на трендот на исселување на младите семејни луѓе од земјава.  

На поставувањето на темелникот се очекува да се соопштат роковите на градбата и вредноста на инвестициониот зафат.

Loading