КОМБИНАТОТ ДОБИ 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА ДА ГО ПЛАТИ ПРЕЗЕМЕНИОТ ВИШОК НА ТУТУН

OTKUP

Владата обезбеди средства за Тутунски комбинат, на тутунарите да им се плати преземениот вишок на тутун во најкус можен рок. Како дополнителни финансиски средства за навремена исплата на откупениот вишок од ланската реколта, за Тутунскиот комбинат се одобрени 100 милиони денари. Оваа компанија со доминантна државна сопственост, презеде 700 тони од вишкот на ланскиот род. Средства се од Ковид програмата.

На 31 март истече продолжениот рок за откуп на вишокот на тутун, со што заврши откупот од бербата од 2020 година.

Loading