PARI ZA TUTUNARITE

Тутунскиот комбинат од Прилеп доби 1,6 милиони евра од државата да го плати преземениот вишок на тутун

Владата обезбеди средства за Тутунски комбинат од Прилеп да се плати преземениот вишок на тутун. Како дополнителни средства за навремена исплата на откупениот вишок на тутун од ланската реколта одобрени се 100 милиони денари за Тутунскиот комбинат. Комбинатот, како компанија со доминантна државна сопственост, презеде 700 тони од вишокот на тутун. Средства се од Ковид програмата. Во најкус можен рок ќе бидат исплатени тутунарите.

OTKUP

Утре истекува продолжениот рок за откуп на вишокот на тутун, со што завршува откупот од бербата од 2020 година.

Loading