ВОЗАЧ ТУРНАЛ ВЕЛОСИПЕДИСТ, ПА ПОБЕГНАЛ

Возач турнал велосипедист, па побегнал, но полицијата го пронашла. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди информира МВР.

Policiskata stanica Prilep

Вчера, 20 март во 18.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека  на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(34) од Прилеп и велосипед управуван од Ц.Р.(34) од Прилеп, по што Т.Д. со возилото го напуштил местото. Во незгодата, Ц.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. По преземени мерки, Т.Д. и возилото биле пронајдени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.  

Loading