СТРЕЛАШТВОТО ВО 1981

Историја

На 11 Октомври 1981 година градов беше домаќин на Републичкиот натпревар во гаѓање со воздушно оружје. Учествуваа 73 стрелци од 12 дружини. Прилепчаните беа успешни со воздушна пушка. Кај сениорите победи Славчо Трајкоски, кај младинките Снежана Алампиоска. Имаше и Општински натпревар со пиштол на кој беа 13 тима. Таму првото место го освои Тутунскиот комбинат, пред Економскиот факултет и Мукос. Поединечен пласман: Мирко Шемкоски (Т. Комбинат), Борис Грнчароски и Блаже Николоски (Црн бор).

Организатори беа Општинскиот стрелечки сојуз и претпријатието Енергоинвест 11 Октомври.

Loading