ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД 19

Четири лица од Прилеп починале од последиците на вирусот Ковид 19 во последното деноноќие.

korona-2

Институтот за јавно здравје информира дека во земјава во изминатите 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи со корона. Во Прилеп има 70 заразени лица. Во државава починати се 24 пациенти на возраст од 35 до 82 години од кои четворица од Прилеп каде има вкупно 6457 заболени и активни 953 случаи.

Loading