Слободен влез“ – Free entry изложба на дела од Марија Трпеска

Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ отворена е изложбата „Слободен влез – Free entry‟ од уметницата Марија Трпеска. Се работи за интересна поставка која се пренесува континуираното присуство на едно лице на културни настани, неговата потреба, интерес за посетување на ликовни изложбии неговото огромно визуелно искуство.

Marija Trpeska - umetnik

            -Истражувајки го присуството на луѓе на ликовни изложби во државните културни институции, уметничките галерии и музеи забележав дека бројот на посетители е многу мал и дека нема голем интерес особено од млада публика. Состојбата на „празни‟ галерии ме наведе да забележам дека еден човек е постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Одлучив да му заблагодарам така што го вклучив во мојот проект, насликан  како стои пред вратите на седум галерии и музеи во Скопје.  Проектот  ќе продолжи и ќе се развие  во насока на нужноста  за промена на современите уметнички практики во Македонија, ќе отвори можност за понатамошни промислувања за општествените појави низ уметничкото и ќе се обиде да создаде ново гледиште за релацијата дело – гледач, или автор – критичар – објаснува уметницата.

Otvorena izlozbata na Marija Trpeska

    Марија Трпеска дипломирала во 2017 год. на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, насока ликовна педагогија, модул сликарство. Нејзиниот главен ликовен фокус е сликарството, но истражува и со фотографијата и видео уметноста. Живее и работи во Скопје.

Loading