КОВИДОТ ПРОДОЛЖУВА ДА КОСИ – 80 НОВИ, АКТИВНИ 944 СЛУЧАИ

Во последните 24 часа се направени 3.761 тестирање, а регистрирани се 1.216 нови случаи на Ковид-19 .Во Прилеп има 80 лица позитивни на короната. Пријавени се вкупно 15 починати лица на возраст од 53 до  94 години, од кои две починати лица се од Прилеп.

Covid 19

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.

Според епидемиолошки анализи, Прилеп е веднаш зад Скопје, со вкупно заболени 6.334 лица, а активни 944 случаи.

Loading