НОВИ 88 ЗАРАЗЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ – ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС НЕПРОМЕНЕТ

Во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на КОВИД-19. Во Прилеп има 88 новозарезени и понатаму е веднаш за Скопје.

Infektivno oddelenie

 Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години. Од Прилеп починати се две лица без притоа да се наведе на која годишна возраст се умрените. Иако градоначалникот Илија Јованоски, вчера побара заострување на мерките за заштита од Ковид-19, полицискиот час во општина Прилеп да започнува во 19.00 часот, Комисијата за заразни болести одлучи дека мерката за полициски час треба да остане иста се додека да го даде потребниот резултат – за евентуално заострување на мерките ќе се дискутира во почетокот од следната недела.

Министерот Венко Филипче призна дека се наоѓаме во екот на третиот бран од почетокот на пандемијата и се бележи раст од нешто повеќе од 5000 активни случаи во последниот месец и 1100 хоспитализирани пациенти низ државата.

Во Прилеп, бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 892. Вкупниот број на заразени од вирусот изнесува 6.122 лица, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 284 прилепчани.  

Loading