ВИЛУШКАР ПРОПАДНА ВО ЏАМПИНГ ФОНТАНАТА ПРЕД „..ЦЕПЕНКОВ“

CIMG3224

Огромна штета нанесе тежок вилушкар кој се обидел да мине по крвката гранитна подлога на џампинг фонтаната пред ЦК ,, Марко Цепенков,,. Отворен е цел ,, кратер,, каде се гледа скапата инсталација на фонатата вредна десетина илјади евра. Среќа во несреќа е што никој не е повреденот, откако машината пропаднала со товарот во дното на фонтаната. Добро е што просторот е заштитен со безбедносна ограда да не дојде до повреда на невнмателен граѓанин.   

Дознаваме дека локалните власти ќе ги отстранат последиците од несмасното управување на машината и фонтаната нема да биде наполнета со земја како што го завршија ,,векот на трајност,, фонатните во населбите ,,Димо Наредникот,, и во ,,Ѓогдере,,. Се очекува скорешна обнова и од фонтаната да бликнат раскошните млазеви вода во ритамот на светлината.

Џампинг фонтаната беше декор на градот која му даваше естетика на современото архитектонско решение на плочникот пред Центарот за култура, уреден со Патеката на славните прилепчани, со галеријата со скултури под отворено небо и соодтвената урбана опрема.

По прилепскиот урнек, и скопскиот централен плоштад доби слично решение.    

Loading