И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД 19

Jovanoski vo bel mantil

Градоначалникот Илија Јованоскси објави на својата ФБ страница дека добил позитивен резултат на тестот за Ковид по сомневањата за првичните симптоми. Тој е во домашна изолација, со лесни симптоми на вирусот.

-Од почетокот на пандемијата, како градоначалник и како шеф на Општинскиот кризен штаб, ги преземам и иницирам сите неопходни мерки за заштита на колективното здравје на граѓаните. Притоа, водејќи максимална грижа за заштита на личното здравје, здравјето на моите најблиски и на сите оние со кои сум во перманентна работна комуникација и интеракција. Тоа стана секојдневие во континуитет, пред, за време и после периодот додека волонтирав во инфективното одделение во болницата – напиша Јованоски.

Но, вирусот е непредвидлив и лесно пренослив, особено новиот ,,британски,, сој, кој, за жал, го има во нашиот град.

-Апелирам на максимално и строго почитување на мерките за заштита. Носете заштитни маски, одржувајте физичка дистанца, вршете честа дезинфекција на рацете и работните површини. Само на тој начин, со заеднички напори ќе го победиме ова зло и ќе излеземе посилни – заврши градоначалникот Јованоски.

Loading