ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО ПРИЛЕП

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО ПРИЛЕП

Педестгодишниот прилепчанец  Никола Петрески животот ќе го помине в затвор, затоа што лани во јануари ги уби својата сопруга и бабата, мајка на сопругата, а тешко ги рани со огнено оружје неговиот шура и шурната во нивниот семеен дом на улицата ,,Александар Македонски,, во Прилеп. Судот во Прилеп го осуди на доживотен затвор, вклучувајќи го и времето минато во притвор. Пресудата не е правосилна.

sl

Сопругата на убецот А.П. (41) и нејзината мајка Т.К. (64) беа пронајдени мртви дома со прострелни рани, а во нив пукал осудениот Петрески. Тешки рани од огнено оружје добиле и шурата и шурната, кои се обиделе да го одваратат зетот од намерата. При тоа бил повреден и Петрески.

Причината за убиствата биле нарушените брачни односи.

Loading