Утринава на 79 годишна возраст почина Тачко Локвенец, долгогодишен новинар и дописник од Прилеп.
Според информациите од семејството, Локвенец починал од последиците од корона вирусот.
Беше дописник на повеќе весници и електронски медиуми. За својата професионална работа Локвенец е повеќепати наградуван.