ПРИТВОР ЗА ЧЕТОВРИЦА ДИЛЕРИ НА ДРОГА

Четири лица од Прилеп, за кои постои основано сомневање дека се дилери на дрога се во притвор  со траење од 30 дена.​  Притворот  против осомничените  е со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка.

Pritvor za 4 lica - dileri na droga

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои основано сомневање дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените прилепчани, на возраст од 31 до 35 години, во временскиот период од септември 2020 година до февруари 2021 година, неовластено заради продажба набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин. Тие откако ќе ја набавеле наркотичната дрога, во нивните домови ја подготвувале за натамошна продажба, препакувајќи ја во помали паковки. По остварени меѓусебни телефонски разговори, прво и второоосомничените неовластено продавале наркотични дроги и воедно ги ангажирале трето и четвртоосомничениот да вршат продажба на наркотичните дроги во различни количини и по различна цена, давајќи им инструкции и насоки како да ја вршат продажбата – се вели во соопштението.

Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со Решение на осомничените им определи мерка притвор со траење од 30 дена.​

Suzbiena kriminalna grupa

Претходно МВР, при сузбивање на криминалната група за продажба на дрога во Прилеп, приведени шест лица.  На 5 февруари беа извршени  претреси на 16 локации во Прилеп, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин,мобилни телефони и други предмети, соопшти на прес конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР – Прилеп, по насоки на јавен обвинител од ОЈО – Прилеп, изминатиот период, од септември 2020 година, спроведуваа криминалистичка истрага за повеќе лица  инволвирани во недозволена продажба на хероин ,кокаин марихуана и амфетамин на подрачјето на Прилеп. Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија.

Paricni sredstva najdeni kaj osomnicenite

„Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода 16 лица, а во текот на 5 февруари извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин, мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5“, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв“, пари и мобилен телефон и Р.М. (34)“, соопшти Ангеловски.

Na 16 lokacii MVR prezede dejstvija

Истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.

Loading